Осуда за нападот врз Ивановски дојде од Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници од каде велат дека до физички напад врз Саше Ивановски дошло поради крајно наелектризираната атмосфера во која фукнционира општеството.
Неоткривањето на сторителите во некои претходни случаи ги охрабрува насилниците, а претепувањето на јавни личности е доказ дека во општеството не постои слободата на изразување и право на поинакво мислење. Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите, да ги изведе пред лицето на правдата и за тоа да ја информира јавноста, со што ќе покаже дека во оваа земја никому не му е дозволено разликата во мислењата да ја решава со насилство. Во спротивно атмосферата на страв и насилство ќе биде дефинитивно востановена, велат од новинарскиот синдикат.