Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ, НАСТАВНИЦИ И ГРАЃАНИ СЕ ПРОСТИЈА ОД ВУКАШИН, 16-ТАТА ЖРТВА ВО УРИВАЊЕТО НА НАСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД

На социјалните мрежи, на официјалниот профил  „Студентите во блокада“, студентите емотивно се простија од Вукашин Црнчевиќ (19), кој денеска почина на ВМА од повредите здобиени по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека по четири месеци храбра борба почина Вукашин Црнчевиќ, повреден во трагедијата предизвикана од уривање на настрешница во Нови Сад. За жал, Вукашин е шеснаесеттата жртва на оваа трагедија.

Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Оваа несреќа остави неизбришлива трага во нашите срца и сите заедно жалиме за изгубените животи. 11.52 -12.08“, напишаа студентите во соопштението споделено на социјалните мрежи.

На крајот од пораката е напишано и времето за молчење кое денеска, за жал, е зголемено за една минута од 15, па во иднина ќе трае од 11.52 до 12.08. минути.

Учениците и наставниот кадар на Гимназијата „Светозар Милетиќ“ во која присуствуваше Вукашин, како и граѓани на Нови Сад се собраа пред училишната зграда за да му оддадат почит на загинатиот млад човек.

На 1 ноември минатата година на Железничката станица во Нови Сад се урна настрешница над главниот влез на зградата на станицата, при што загинаа 15 лица, меѓу кои две деца, а уште две беа тешко повредени.

Денеска почина 16-тото лице, младиот Вукашин Црнчевиќ. Во Универзитетската болница во Војводина поради тешки повреди по пад на настрешница се уште е на лекување уште едно лице Теодора М., а нејзината состојба според последните лекарски извештаи е стабилна.

Овој трагичен настан предизвика гнев и незадоволство кај граѓаните, проследен со големи студентски протести и блокади на факултетите и повеќето средни училишта. Граѓаните бараат, меѓу другото, на јавноста да и биде доставена целосна документација за реконструкцијата на настрешницата на зградата на станицата и бараат апсење на сите одговорни за смртта на 16 лица.

ОВАА НЕДЕЛА

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ