Српската полиција и понуди помош на Македонија

0
403

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ денеска соопшти дека разговарал со неговиот македонски колега Митко Чавков, при што понудил помош на српската полиција за Македонија, јави Танјуг.

– Во име на Министерството за внатрешни работи понудив сили кои би можеле да замиинат на помош, во смисла на спасување и заштита на луѓе – изјави Стефановиќ.

Тој наглaси дека неговиот македонски колега е ангажиран и се обидува да ја реши тешката состојба поврзана со поплавите и невремето што ја зафатија Македонија, додавајќи дека во овој момент македонската страна проценува оти може да ја држи ситуацијата под контрола.

– Во добра и постојана комуникација Србија е подготвена да излезе во пресрет и да помогне. Како и во случајот со мигрантите, сакаме да покажеме дека сме тука за нашите соседи и дека можат да се потпрат на нас и да знааат дека Србија е тука не само да се штити себе си и да се грижи себично за своите интереси, туку и да покаже дека се грижи и за други луѓе, со што ја штити и својата земја -изјави Стефановиќ, кој денеска заедно со неговата бугарска колешка Румјана Бачварова ги посетија граничните премини Калотиниа и Градина на границата меѓу Бугарија и Србија.