СРЕЌЕН 8-ми МАРТ од еден ,,БУДАЛЕТИНКА,, Г-ѓо Јанкуловска

0
555

Испровоциран од вашиот психоделичен однос кон МВР на РМ и секојдневните жалопојки на полициските службеници, покрај моите лични убедувања на ваква комуникација, се одлучив во името на професионалнит кадар да изразам згрозеност на вашето однесување.

Screenshot_6

Имено, неможам да останам ладнокрвен на разнебитувањето на министерството како неодамнешен припадник кој цел живот му го посветил од да не речам детска возраст, сум се образовал да го штитам интегритетот и суверенитетот на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА животот и имотот на граѓаните итн. обучуван во ТАТКОВИНАТА и голем број странски полициски академии на грбот на државата. Затоа си земам за право и обврска да реагирам на вашето флагрантно кршење и непочитување на УСТАВОТ и позитивните законски прописи, создавање партиско гнездо на МВР, омаловажување на македонските граѓани и газење на нивната чест и углед со речник на коњушар.

Г-ѓо Јанкуловска, убеден сум и тврдам дека голем е бројот на високопрофесионален профил во редовите на полицијата и правосудството ОСТАВЕТЕ ги да работаат со цел да се приближиме до развиените демократски држави на безбедносен и правосуден план. Со тоа правите огромна ШТЕТА, при тоа апелирам до нив да истраат бидејки доаѓа денот кога ке се ослободат од вашите КАНЏИ, а ВИЕ и таквите како вас ќе морате да се соочите со ЗАКОНСКИ спроведни приведувања и судски процеси спроведувајки ги законите и САМО законите на оваа наша држава.

Ви ,,честитам,, на успехот со кој ладнокрвно изгазивте по честа и заслугата на загинатите мои колеги (НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА) во воените конфликти и нивните родители, инвалидите на кои до ден денешен не име е решена егзистенцијата, на сите бранители кои се
прашуваме зошто ја браневме нашата татковина.

Со години систематски го рушите безбедносниот систем на РМ, ја направивте приватна своина на неколку фамилии зад плаштот на партијата на која не и припаѓате, ги уништивте сите професионалци кои не припаѓаат на вашата ментална психоделична матрица, го плашите народот со средства на присилба кои одамна се надвор од употреба во демократските држави, впрочем одделете малку време и прочитајте ги меѓународните конвенции ратификувани од РМ, а сето тоа како резултат на вашата оправданост на исплашени мали диктатори, не знаете веќе по што да посегнете.

Г-ѓо Јанкуловска дали ви е познато дека оваа држава има милионски суми потрошено во обука на основниот состав во МВР на планот на спроведување на позитивните законски прописи, почитување на човековите права на луѓето и обвинетите, меѓусебните односи во МВР, почитување на презумпцијата на невиност, учество при спроведување на предизборните и изборните процеси, ПРИБЛИЖУВАЊЕ на полицијата кон народот, но вие очигледно дека заборавивте постојат термини народна полиција и судство.

Г-ѓо Јанкуловска вие на сето тоа плукате веке 9 години, сукцесивно се оддалечивте од народот и државата. Овде ќе завршам и покрај тоа што ова е само капка во морето, но со оглед и се да напишам тргнувајки од вашата ментална матрица нема да има ефект.

Нека ви е честит и среќен 8-ми март Г-ѓо ЈАНКУЛОВСКА, а за периодот кој следи употребете ја вашата фантазија зашто ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, а на ЗАКОНОТ ДОЛГИ МУ СЕ РАЦЕТЕ.

ЕКС НАЧАЛНИК НА ПОЛИЦИЈА во СВР БИТОЛА
Златко Ласовски