Средства за хигиена и лекови им се најпотребни на поплавените

0
954

Гумени чизми, средства за хигиена посебно за дезинфекција, запакувана или конзервирана храна, свеќи, светилки-батерии им се потребни на жителите од поплавените подрачја.

Она на што посебно се апелира е да се донираат алкохол (75 проценти), јод, стерилни завои и гази, гумени медицински ракавици, ножици, сапуни, средство „дезинтал“, тоалетна хартија, хигиенски влошки, пелени за бебиња, средства за чистење, антибактериски марамици и гел за суво миење на рацете, лекови за смирување, притисок и стомачен вирус.

Според информациите по социјалните мрежи, во Стајковци на 15 семејства им е потребна вода за пиење, но и имаат потреба од облека и обувки.

Од пунктовите каде што се собираат донациите информираат дека потребни се и бебешка облека и пелени.

Граѓаните кои сакаат да донираат можат своите донации да ги однесат во прифатилиштето на Црвен Крст во Момин Поток.

Извор: Мета