Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

Средношколски пленум: Нов протестен марш во четврток во Скопје

prr-702x336

Скопските средношколци на Генерален пленум одлучија повторно да излезат на протестен марш против лошите реформи во образованието, велат за Радио МОФ од Средношколски пленум.

„Во четврток, тоа нема да биде марш со кој ќе го прекинеме бојкотот на средношколците. Дали ќе продолжиме со бојкотот на наставата не зависи од нас, туку од министерот за образование и наука“, изјавија од Пленумот.

Иако во некои медиуми излезе информација дека маршот ќе се одржи во понеделник и со тоа ќе заврши бојкотот на средношколците, од Пленумот демантираат. Воедно, посочија дека бојкотот ќе продолжи додека не се одржи средба со ресорниот министер и не бидат исполнети нивните барања.

Средношколците постојано алармираат дека растат притисоци кон нив и нивните родители, меѓутоа тие во неколку наврати изјавија дека не се откажуваат од нивните барања. Од МОН пак, досега не излегоа со официјална покана за средба со претставници од Пленумот.

Барањата на средношколците се враќање на стариот концепт на државна матура, математиката да не биде задолжителна на државна матура, како и ставање во мирување на екстерното тестирање.

Во меѓувреме, бојкотот продолжува во средни училишта во Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Охрид.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ