Претседателот Гаши и пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, остварија средба со г. Брис Рокфеј, директор на Директоратот за Континентална Европа, г. Рене Троказ, Специјален претставник за Балканот и г-ѓа Маргерит Коста де Борегар, Директор за Западен Балкан при Министерството за Европа и надворешни работи на Француската Република.
Во фокусот на разговорите беа теми поврзани со билатералните односи меѓу двете држави, актуелниот статус на евроинтеграциите, економската соработка и регионалните прашања.
Од француска страна беше изразена целосна поддршка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот регион и свесност за значењето на овој процес од геополитички причини.
Од наша страна, беше побарано поголем аганжман на земјите основачи на Унијата за забрзување на овој процес, поддршка и помош на реформите и поголемо присуство на странски инвестиции во земјата.