СРЕДБА ФИЛКОВ – КОЦЕВСКИ

0
108

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски на која се дискутираше за тековните активности на двете институции.

Обвинителот Коцевски ги презентираше состојбите и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство, особено во сферата на дигитализацијата, недостатокот на човечки ресурси ,како од редот на  обвинителите, така и стручната служба кои со години стојат непополнети.

Министерот Филков изрази подготвеност во рамките на своите надлежности да даде поддршка на активностите на јавното обвинителство во перидот кој претстои со цел унапредување на владеењето на правото во државата.