Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

СРЕДБА НИКОЛОСКИ – КУПКА: СОЗДАВАМЕ УСЛОВИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА И ТРГОВСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЧЕШКА

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, во рамки на работната посета на Чешката Република, оствари средба со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешка.

На средбата, на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија, како земја која се стреми за влез во ЕУ, фокусирана е на развој на сите видови транспорт долж европската транспортна мрежа, со што земјата дава голем придонес во развој и промоција на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура. Во рамките на таквите активности, во континуитет се работи на усогласување на домашното законодавство со европското, потенцираше вицепремиерот.

Двајцата министри ги отворија прашањата за соработка помеѓу двете земји во делот на транспорт и инфраструктурата, потенцирајќи дека европските искуства и практики се значајни во реализација на капиталните проекти.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Македонија има конкурентна позиција во регионот, каде нуди исклучително добри услови за инвестирање и ги повика сите заинтересирани чешки компании да ги истражат инвестициските можности.

Двајцата министри изразија задоволство од дводневните работни средби меѓу претставниците на владите на Македонија и Чешка и се согласија на интензивирање на соработката, посебно во делот на економијата и инвестициите.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ