Средба на Ташевска-Ременски со амабасадорот на Шведска,Стафансон

0
590

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со амабасадорот на Шведска, Матс Стафансон и заменик шефот на Мисијата на Амбасадата на Шведска, Антон Иреквист.

На средбата, како што соопшти Министерството, било разговарано на повеќе заеднички теми како што се ЕУ-перспективите на Република Македонија, при што посебно била истакната поддршката на Шведска што ја дава на Македонија на патот кон ЕУ, како и целокупната поддршка.

Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбите во Министерството за труд и социјална политика во услови кога на чело на институцијата е министер од опозиција.

На средбата министерката Ташевска-Ременски и амабасадорот Стафансон разговарале и за унапредување на можноста за посвојување деца од државјани на Шведска и условите под кои тоа би можело да се оствари.