Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

СРЕДБА НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА ,,ПУЛС” ВО КОЧАНИ СО МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ

Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски.

Тошковски, на средбата со семејствата, изрази уверување дека правда за овој случај мора да има ако сакаме да имаме нормална држава, посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.

– Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова. Верувајте. Истрагата е се уште во тек. 70 луѓе се досега осомничени. Ова што го говорите го разбирам и го разбирам гневот, изјави Тошковски.

Тошковски, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник.

Средбата на Тошковски со семејствата на настраданите продолжува без присуство на медиумите.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, денеска од пред Обвинителство, продолжи пред Собрание.

Откако пред Собраните повикаа на одговорност и оставки од пратениците семејствата на загинатите, имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратениците на Левица, Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на 46-тата собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, информираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба семејствата на настраданите во пожарот.

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани претходно пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.

Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ