СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЦУК ВО ВИЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ КАКО ДЕЛ ОД СОВЕТОТ НА БЕЗБЕДНОСТ

0
628

На Совет за безбедност на државата разговарано
за поставеноста на Системот за управување со кризи

Денеска, 13 септември 2021 година, понеделник, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот на нашата држава, се одржа 13-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на којашто присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На седницата се разгледувале и се разговарало за две теми, точки: за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на Системот за управување со кризи.

Во однос на втората точка на дневниот ред, Советот за безбедност и предложил на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, којашто ќе ја согледа состојбата со и во Системот за управување со кризи.

„ Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со Системот за управување со кризи. Имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел Системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен“, се согласиле учесниците, како што информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Инаку, по однос на првата тема за разгледувње, присутните констатирале дека Република Северна Македонија, како членка на НАТО, покажала подготвеност и ги понудила своите капацитети за прифаќање на лицата од Авганистан.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Зоран Петров.