Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АФРИМ ГАШИ СО СЛОВЕНЕЧКАТА КОЛЕШКА УРШКА КЛАКОЧАР ЗУПАНЧИЧ

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, ја пречека претседателката на Собранието на Словенија, г-ѓа Уршка Клакочар Зупанчич. Словенечката делегација беше пречекана со високи државни почести. Двајцата колеги остварија средба лице в лице во кабинетот на претседателот Гаши.

На средбата меѓу двете делегации од страна на Собранието на Северна Македонија присуствуваа Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на Република Северна Македонија, пратениците Муса Џафери, Љупчо Николовски, Калтрина Беќири и Марина Димовска, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија. На средбата беше потврдена взаемната заложба и посветеност на двете страни за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете држави, вклучително и на парламентарно ниво.

Соговорниците разменија мислења и информации за клучните аспекти на билатералните односи и разговараа за можностите за зајакнување на врските меѓу двата парламента. Претседателот Гаши ја пофали континуираната поддршка од Словенија за интегративниот процес на Република Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека таа поддршка е клучна за унапредување на реформите и напредокот на земјата на патот на европската интеграција.

Беше разговарано и за важноста од продолжување на реформскиот процес и заложбата на Република Северна Македонија за исполнување на условите за отворање на преговорите, при што беше подвлечено дека Северна Македонија се наоѓа во важна фаза, каде посветеноста за спроведување на законите и уставните измени е неопходна за отворање на првите поглавја од преговорите.

Претседателката Уршка Клакочар Зупанчич на средбата изрази искрено сочувство за кочанската трагедија и ја истакна помошта и солидарноста на словенечката држава за лекување на пациентите. Беше истакната успешната економска соработка, како и соработката во областа на образованието, вклучително и студентска размена.

На крајот, соговорниците ја изразија својата заложба за натамошно зајакнување и развој на односите меѓу парламентите во однос на соработката и продолжување на напорите за постигнување заеднички цели во областите од интерес на двете страни.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ