Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО БИЛЈАНА СТЕФАНОСКА, ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ

На средбата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази став дека туризмот, како гранка, не само што носи приход, туку и го промовира македонското природно богатство и културно наследство пред светот, како наша компаративна предност. 

За неа, мала држава како нашата, со исклучителни природни убавини и вредни културно-историски добра има големи и реални шанси да биде посакувана туристичка дестинација не само за време на летните месеци, туку во текот на целата година. Се разбира, останува трајната обврска на Министерството за култура и туризам, другите министерства, но и единиците на локалната самоуправа, како и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за создавање неопходни претпоставки. 

 Стефаноска ја информираше претседателката за работата на агенцијата којашто е формирана во 2008 година, со акцент на последните неколку месеци откако е на оваа функција, посочувајќи ги успесите и падовите, актуелните проблеми и предизвици со коишто се соочува. 

Таа посочи дека е потребно да се креира стратегија за развој на туризмот, комплементарна со онаа за културата, како гаранција за успех. Соговорничките се согласија дека поврзувањето на културата и на туризмот во едно министерство е чекор напред во стратешкиот пристап кон нивниот развој.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ