Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЗ ГАЛИЧНИК

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Огнен Караѓозовски, претседател, Филип Филиповски, потпретседател на месна заедница Галичник и Дејан Петровски, директор на „Галичка Свадба“. Прифаќајќи го предлогот и годинава да биде покровителка на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, таа ја истакна важноста на негувањето на уникатните македонски обичаи, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.

Галичник, со својата ретка природна убавина, оригинална архитектура, богата историја и автентична култура може да биде туристички магнет и посакувана туристичка дестинација не само за време на Галичката свадба, туку и во текот на целата година.

Претставниците на месната заедница ја информираа претседателката за амбициозните планови и проекти за заживување на Галичник, укажувајќи на неопходните чекори и активности за таа цел. Реконструкцијата на патот од селото Јанче до Галичник и реновирањето на некогаш прочуената пекара, стара повеќе од еден век се неопходни претпоставки за нормален селски живот. Обновата на куќата на Ѓорѓија Пулевски и нејзината трансформација во музеј ќе ја оживее меморијата за славното село на кое жителите биле горди, а другите му завидувале. Оживувањето на умешноста на готвење, подготвување сирење, ткаење, везење, плетење, копаничарство може да го привлече интересот на многу добронамерници кои бегаат од буката и хаосот на современиот градски живот.

Обезбедувањето проодност на патот од Маврово до Галичник од доцна есен до рана пролет и покрај големите наноси од снег ќе им овозможи на Галичани, но и на сите вљубеници во снежната идила и мир бегство во бескрајната белина и неповторливо уживање во планинските предели.

Допрена од инспиративните идеи за развој на Галичник како исклучителна туристичка дестинација, Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за лобирање и учество во организирање настани за финансиска поддршка на проектите.

„Галичката свадба“ може да се издигне во настан над настаните, момент за помнење и раскажување, уметнички чин во којшто секој ќе сака да учествува.  Се разбира, манифестацијата „Галичка свадба” и годинава традиционално ќе се одржи на празникот Петровден, од 11 до 13 јули.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ