Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА ПАРТНЕРСТВОТО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ

Денес во Собранието се одржа средба со  г. Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа- од Партнерството за отворена власт (ПОВ), г-а Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа од ПОВ и г. Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување, Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација, г. Бобан Стојаноски – заменик генерален секретар на Собранието и Златко Атанасов – раководител на Парламентарниот институт, во врска со спроведувањето на ПОВ процесот во државата и на Акцискиот план на Собранието кон Партнерството за отворена власт https://www.sobranie.mk/akciski-plan-pov.nspx

На состанокот се нагласи значењето за транспарентноста и пристапноста на институциите, и беа позитивно оценети континуитетот и напорите на државата во спроведување на националниот план.

Собранието останува посветено на преземените заложби во својот Акциски план кои подразбираат:

Развој на електронски регистар на регулаторни тела и други именувања и назначувања од Собранието, јавен, доста и пребарлива за користење и информирање на граѓаните, граѓанските организации, академските институции и други;

Информирање на јавноста со нови содржини на Собранискиот ТВ канал, што ќе овозможи подобри и повеќе информации за јавноста за законодавната власт;

Собранието во својата надзорна надлежност да спроведе надзорна расправа за спроведувањето на Националниот план на државата кон Партнерството за отворена власт;

Спроведување на Парламентарен караван во општините каде се избрани пратениците, со цел да се овозможи директна комуникација со граѓаните.

Партнерството за отворена власт нуди модел за планирање на мерки и заложби од институциите за реформи, во две годишни акциски планови, заедно со граѓаните и организациите во општеството, со надворешен механизам за следење на спроведување на активностите на законодавната, извршната и судската власт.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ