Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ СО ИПС СТИПЕНДИСТИТЕ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денеска во неговиот кабинет ги прими стипендистите на Меѓународната парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг за 2025 година. На средбата присуствуваа и Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија, како и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието.

Потпретседателот Милошоски на почетокот на разговорот им упати честитки на стипендистите за нивниот избор и истакна дека тие заминуваат во Бундестагот во многу динамичен период кога се конституира новиот парламентарен состав во Германија.

Тој истакна дека Собранието како институција во континуитет посветено работи на унапредување и промовирање на оваа програма за сите млади луѓе од нашата земја, кои се заинтересирани за стажирање кај германски пратеник во Бундестагот на Сојузна Република Германија.

Собранието пред заминувањето на стипендиските во Германија им овозможува повеќедневен престој во нашата институција, чија главна цел е нивно поблиско запознавање со начинот на функционирање на Собранието.

Заменик-амбасадорот Фос истакна дека стипендистите ќе имаат можност да се запознаат со работата на Бундестагот во време на транзицијата на стариот и новиот состав на Германскиот парламент и кога во светот се очекуваат големи промени за што ќе бидат потребни издвојување на повеќе средства во областа на одбраната и економијата. Се очекуваат и промени во имиграционите политики на Германија.

Генералната секретарка Димовска им посака успех на стипендистите во нивната работа во Бундестагот. Укажа дека тие се амбасадори на нашата држава во Германија и очекува пренесување на стекнатите знаења и искуства во нашата земја по нивното враќање.

Таа се заблагодари за тековните проекти и соработката со Бундестагот и искажа уверува за натамошна успешна соработка со Германија како наш значаен партнер. Практикантите Росана Јованова и Недина Ѓорѓиева се заблагодарија на целата поддршка што ја добиваат од сите страни за реализација на оваа Програма и очекуваат таа да им донесе професионален и личен развој кои ќе го пренесат во нашата земја по нивното враќање.

ИПС е традиционална активност на германскиот Бундестаг, кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на млади луѓе со завршено универзитетско образование да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Досега преку Собранието на Република Северна Македонија, од 2001 година,  заклучно со Програмата за 2025 година, имам вкупно 62 стипендисти кои учествувале во оваа Програма.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ