На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, воопшто при што двете страни ја потенцираа меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.
Ја изразив својата благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.