Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ СО АМБАСАДОРКАТА НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА, Н.Е АМИ ЛАРСОН ЏАИН

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари билатерална средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е Ами Ларсон Џаин. Двете страни разговараа за интензивната и квалитетна соработка како помеѓу двете земји така и помеѓу министерствата при што министерот Тошковски упати благодарност за поддршката на Владата на Кралството на Шведска во континуираното зајакнување на капацитетите на македонската полиција од страна на шведската полиција така и на целиот евроинтегративен процес на нашата земја.

Акцент на средбата беше ставен на можноста за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете земји што за нашите граѓани кои живеат и работат во Шведска би било големо олеснување и намалување на трошоците.

Шведската амбасадорка ја поздрави посветеноста на Владата и министерството во борбата на земјата со криминалот и корупцијата и изрази благодарност до МВР за сите активности во насока на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјава.
Исто така на средбата беше потенцирано знаењето на заедничкиот проект „Шведската поддршка за полициските реформи“ поткрепен со финансиски поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка ,,SIDA” во времетраење од три години, кој претставува уште еден показател за заедничката успешна соработка.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ