Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Србија, Н.Е. Невена Јовановиќ и со одбранбеното аташе, полковникот Небојша Ѓорѓевиќ, на која беше изразено задоволство од развојот на билатералната одбранбена соработка.
Заедничкото партиципирање во регионалните иницијативи, СЕДМ, Балканските медицински наменски сили, Б-9 иницијативата на началниците на Генералштаб, Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, се од заеднички интерес за двете земји во насока на одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност која е од приоритетно значење, беше потенцирано до страна на двајцата соговорници.
На средбата се разговараше и за проширување на соработката која во моментов опфаќа школување, обука и стручно оспособување, размена на искуства во делот на цивилно воената соработка.Министерот Мисајловски упати благодарност за несебичната помош од страна на Србија со упатување на тимови и воздухоплов за справување со огнената стихија, но и за помошта која изминативе години Србија ни ја дава.