СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ СО ЕВРОКОМЕРСАРКАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА КАДРИ СИМСОН : НА ПОЧЕТОКОТ НА ФЕВРУАРИ СЕ ОЧЕКУВА ДА ПРИСТИГНЕ ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ОД ЕУ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА

0
539

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел оствари билатерален состанок со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија, Кадри Симсон.

На средбата присуствуваше и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили и амбасадорот македонската мисија во ЕУ, Зулфи Исмаили.

Главна тема на состанокот беше поддршката која што Европската Унија и ја дава на Северна Македонија за справување со енергетската криза, како и мерките кои ги превзема нашата земја во делот на безбедноста на снабдување со енергенси како и зголемувањето на независноста од рускиот гас.