Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА СО НОВИОТ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ

4 јуни 2025, Скопје 4

– Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко СлавескиНа средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба  за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата  беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

Со почит,Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ