Friday, April 25, 2025
20.8 C
Skopje

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА ДИМОВСКА СО НЕЈЗИНАТА СЛОВЕНЕЧКА КОЛЕШКА ЗОРЕ ТАВЧАР

Денеска, во рамките на официјалната посета на делегацијата од Државниот збор на Република Словенија, се одржа средба помеѓу генералните секретарки на Собранието, Марина Димовска и на Државниот збор, Уршула Зоре Тавчар.

Генералната секретарка Димовска, посакувајќи ѝ топло добредојде на својата колешка, ги поздрави словенечките искуства кои во голема мера помогнале во парламентарното работење на Собранието, особено последните искуства за отворањето на Заштитената соба во Собранието, како и соработката во делот на собранискиот календар и образовните и младинските политики.

„Мојата цел како предводничка на собраниската служба, е да ја развивам мисијата и визијата за современ европски парламент, во тек со последните трендови кои се применуваат во парламентите и да дадам свој личен придонес кон примената на најдобри практики во нашите активости, а со цел градење ефикасни и транспарентни парламентарни институции”, нагласи Димовска.

Генералната секретарка Зоре Тавчар, изрази особено задоволство и благодарност за реализацијата на средбата, при што го потенцираше пријателскиот и партнерскиот однос кој постои меѓу двете институции. Даде отворена поддршка за идна соработка и подготвеност за унапредување на парламентарните процеси, во области од интерес за Собранието.

На средбата, како можни области за соработка беа наведени стандардите за дигитализација на собраниските процеси, зголемување на транспарентноста и отвореноста кон јавноста, интегрирање на вештачката интелегенција во парламентарната администрација, унапредување на парламентарната дипломатија и процесот на усогласување на домашното со европското законодавство, кои се важни предуслови во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Двете соговорнички постигнаа согласност за формализирање и структурирање на долгорочна билатерална соработка преку конкретни активности, преку размена и посети на службите од двата парламента.

Оваа средба е силен поттик за заеднички напредок во духот на европската поддршка и парламентарната соработка.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ