Заемни заложби за унапредување на одличните односи и интензивирање на економската и бизнис соработката
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес, престојува во прва работна посета на Австрија, во чии рамки оствари средба со сојузниот министер за европски и надворешни работи, Александер Шаленберг.
Во фокусот на разговорите беа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка и економска соработка. На средбата, министрите ја поздравија развиената секторска соработка со заемни заложби за отворање нови поглавја за унапредување на релациите во полињата кои се од интерес на двете страни.
Во тој контекст, Муцунски иницираше засилување на културната соработка, што ќе придонесе за промоција и подигнување на видливоста на Северна Македонија.