Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

СРЕДБА МУЦУНСКИ – АГЕЛЕР : РАЗГОВОРИ ЗА СОЈУЗНИШТВОТО ВО НАТО И АЕДНИЧКАТА ОПРЕДЕЛБА ЗА ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

На средбата, како што информираат од прес-службата на Министерството, разменети биле мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.

Евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата, биле дел од темите на кои денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски разговарал со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

На средбата, како што информираат од прес-службата на министерството, разменети биле мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог. Муцунски и Агелер разговарале и за претстојното Генерално собрание на ООН.

Министерот Муцунски, се додава во соопштението, се заблагодарил за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата.

На средбата, велат од министерството, било реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ