Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

СРЕДБА МЕЃУ СИЉАНОВСКА И ЖЕЉАЗКОВ ВО ХАГ НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ – ВЕЛИ МУЦУНСКИ

Од изјавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Хаг / Фото: Принтскрин„Жалам што по последните информации коишто ги имам, веројатно, тука во Хаг, нема да има средба помеѓу претседателката и премиерот на Бугарија“,кажа Муцунски.

И покрај ова, тој нагласи дека македонската страна останува отворена и подготвена за дијалог на сите нивоа, од претседателско и премиерско до министерско ниво.Изрази жалење и за тоа што актуелната бугарска влада, но и по она што денеска го покажале европратениците во Брисел, влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот на Западниот Балкан.

„На Западниот Балкан стабилноста, меѓу другото, најлесно ќе му се обезбеди преку извесна европска интеграција на целиот регион. Сите овие постапки коишто ги гледаме во последните недели, во последните месеци, па и во последните денови, навлегуваат во еден наратив којшто има за цел да создаде дестабилизација на регионот на Западниот Балкан“,рече тој.

Според министерот, само преку дијалог можеме да ги надминуваме предизвиците и да работиме на стабилизација на Западниот Балкан.Инаку, средбата меѓу претседателката Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков се очекуваше да се случи на Самитот на НАТО во Хаг, што ќе значеше директен контакт на највисоко ниво меѓу македонската и бугарската страна.

Претходно и премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако има каква било иницијатива за средба меѓу претседателката и бугарскиот премиер во Хаг, тоа треба да се прифати.Министерот за историски чин го оцени тоа што Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за Северна Македонија за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава Томас Вајц.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ