СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ – ТАРАВАРИ : ВЛАДИНА ПОДДРШКА ЗА ОПШТИНИТЕ ЗА ПОДОБАР И ПОДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ

0
523

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар оствари кратка средба со градоначалникот на Општината Арбен Таравари. Премиерот и градоначалникот говореа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат. Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдија заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани, бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.