Зајакнување на воздушната одбрана на Украина и вклучување на земјите од НАТО во набавката на оружје според данскиот модел – ова било во фокусот на средбата помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Руте во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија.
– Фокусот беше на зајакнување на воздушната одбрана на Украина и вклучување на земјите од НАТО во набавката на оружје според данскиот модел. Заедничката задача на нашите партнери е да обезбеди силна позиција за Украина за да донесе праведен и траен мир. Разговаравме и како платформата на НАТО може да се искористи за да се постигне оваа цел, информира Зеленски на Х.
– НАТО е посветен на продолжување на нашата поддршка за Украина додека вие се браните и неуморно се борите за слободата што на сите ни е драга, напиша Руте на Х објавувајќи фотографии од средбата со Зеленски.