Средба Заев – Ховит: Во декември мора да има фер избори

0
322

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

На средбата била истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска влада.

– Во декември мора да има фер избори и на таквите избори убедени сме дека СДСМ и опозицијата ќе ја добијат одговорноста да ја водат државата. Ние се отворивме целосно како партија за граѓаните и веќе работиме на приоритетите за граѓаните и за Македонија по декември. Човекот е во нашиот фокус, секој да има добар живот во Македонија и за таа цел вчеравечер конгресот на СДСМ усвои „План 180“, на што ќе се посвети новата Влада во првите шест месеци, како и план за итни реформи во првите две години од мандатот – изјавил Заев на средбата.

Пратеникот Ховит, кој беше еден од тројцата европратеници што го олеснуваа преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата, дава силна поддршка на напорите на СДСМ за обнова на демократските процеси во Македонија, како и на заложбите за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.