Средба Заев – Хајндл: Брзо решение за кризата, време за губење нема!

0
1455

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, придружуван од амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.

„Заеднички е ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услови за брзи фер и демократски избори во Македонија и за организација и за спроведување слободни избори според Договорот од Пржино. И за избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а кои може да не зависат од политичките партии, рече претседателот Заев“, стои во соопштението од СДСМ.

На средбата, се вели во соопштението, е констатитирано дека Република Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза и дека сите страни мора да ја покажат потребната иницијативност за отворените прашања, а со тоа и волја за регуларни предвремени парламентарни избори.