Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

СРЕДБА ДИМОВСКА – ЛЕ РИГОЛЕ

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски,  остварија  средба со Кристоф ле Риголе, амбасадор на Француската Република.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу двата Парламента, како и интензивирање на билатералната соработка меѓу службите на двата парламента.

Особено се поздрави реафирмираната посветеност на Француската Република, како и зголемениот француски фокус кон нашата држава согласно Стратегијата за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан.

Соговорниците разговараа за продолжување на соработката преку размена на експертиза и знаења со Националното собрание на Француската Република, особено во областа на Програмата за развој на собранискиот ТВ канал, зајакнување на административната поддршка за парламентарните комисии, унапредување на работата на Секторот за седници во Собранието, како и процесот на дигитализација на Собранието.

Собранието останува отворено и ќе ги поддржува иницијативите кои ќе придонесат за поголема соработка со Францускиот парламент, што е од заемен интерес на двете држави.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ