Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

СРЕДБА ГРКОВСКА – КУПМАН : ПЛАНОТ ЗА РАСТ ЌЕ ГИ ЗАБРЗА РЕФОРМСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија.

Во фокус на разговорот помеѓу Грковска и Купман беше Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзување на реформските процеси, особено во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација. Вицепремиерката ја нагласи важноста на Планот за раст, како силен механизам за премостување на периодот до постигнување полноправно членство на Северна Македонија во Унијата.

На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката која нашата земја во континуитет ја добива од Европската Унија.

Осврнувајќи се на активностите кои изминатиов период ги предводеше Кабинетот за политики за добро владеење, вицепремиерката Грковска информираше за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој минатата недела беше усвоен од Собранието и кој треба да послужи како дополнителен антикорупциски механизам во домашното законодавство. Одговарајќи на прашањето на Купман, дали надлежните институции се доволно екипирани за спроведување на законот, Грковска посочи дека во самото законско решение е предвидено зајакнување на капацитетите и оформување на посебен сектор во Финансиската полиција, специјализиран за овој закон, и додаде дека ќе инсистира во ребалансот на буџетот да се зголемат средствата наменети за Финансиската полиција, Јавното обвинителство и Државното правобранителство.

Двајцата соговорници разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа.

Средбата со Купман е во рамки на работната посета на вицепремиерката Грковска на Брисел, која попладнево ќе учествува на конференција на високо ниво, посветена на жените во јавниот живот, во организација на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ