Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

СРЕДБА ГАШИ-ИБРАХИМОВИЌ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА НЕГУВААТ БРАТСКИ ОДНОСИ И ЗАЕДНИЧКИ СТРЕМЕЖ КОН ЕУ 

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со Ервин Ибрахимовиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора за меѓународни односи и министер за надворешни работи, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, и пратениците Мерита Колачи Коџаџику, Илир Демири и Оливер Спасовски.

Процесите за интеграција во Европската Унија на двете земји, како и на регионот во целина, беа во фокусот на разговорите меѓу двете делегации. Притоа беше истакнато дека пристапувањето кон ЕУ е гаранција за долгорочна стабилност и просперитет на земјите од Западен Балкан. И дека секој чекор напред во овој правец, на која било држава, е успех за целиот регион и е од голема важност и за самата Унија.

Во тој контекст, беше нагласено и дека Северна Македонија и Црна Гора се пример за мултиетничка и мултиверска соработка, како доказ за прифаќање и споделување на европските вредности.

На средбата, беше посочено и сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, како уште еден пример за придонес кон регионалната и глобална стабилност и демократските процеси.

Во однос на билатералната соработка, беше истакнато дека Северна Македонија и Црна Гора традиционално негуваат братски и пријателски односи, со тенденција за постојано унапредување на соработката на повеќе нивоа.

Посебно беше истакната добрата соработка меѓу парламентите на двете земји, како уште еден од клучните фактори во процесот на евроинтеграција. Притоа беше посочено дека постојано е отворен простор за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката, како на ниво на парламенти, така и во други области, како што се сообраќајната инфраструктура и туризмот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ