СРБИЈА ЈА ОБВИНУВА ПРИШТИНА ДЕКА ПОДТОТВУВА ОКУПАЦИЈА НА СЕВЕРНО КОСОВО

0
140

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска оцени дека Приштина „со незаконски и насилни дејствија подготвува окупација на северот на Косово и Метохија и создава простор за насилно наметнување“ на одржување на избори.

На средбата со шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово, Мајкл Девенпорт,Петковиќ потсети дека косовската полиција вчера го конфискувала виното во Велика Хоча, а го спомена и влегувањето на вооружена полиција во градинката во Лепосавиќ и меѓу 300 и 350 полицајци во северниот дел на Косовска Митровица, како и изборот на претседател на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ, како министер за заедници и да се врати во Владата на Косово.

Косовските власти претхопдно соопштија дека, целта на пристигнувањето на овие единици е исклучиво „да ги заштитат етнички мешаните делови на градот, а по неколкуте поплаки на Албанците од северот дека не се чувствуваат безбедно“.Поради тензиите советникот на Стејт департментот Дерек Шол изјави дека треба да се одложат изборите за општинската влада на северот на Косово и дека за ова прашање ќе разговара со косовските лидери при посетата на Приштина следната недела.