СРБИЈА СО ПОДДРШКА ОД ЕУ ЌЕ ГРАДИ БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА КОН С. МАКЕДОНИЈА ВРЕДНА 700 МИЛИОНИ ЕВРА

0
183

Брзата пруга која ја планира Србија ќе оди од Белград до Ниш, а од таму на југ се до границата со Северна Македонија. ЕУ денеска, преку претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изрази поддршка за планот.

„Србија ќе изгледа 100 отсто поинаку затоа што ќе се отворат многу можности и шанси за транспорт на луѓе и стоки од Виена, Минхен, но и Загреб низ Србија до Истанбул и Атина“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел по состанокот со шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел. Србија очекува да добие грантови од ЕУ во вредност од 35 проценти на проектот за железницата. Вкупната вредност на проектот за изградба на пругата се очекува да достигне 700 милиони евра.

По разговорите со Вучиќ, Фон дер Лајен и Борел го отфрлија нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша со кој се предлагаше промена на границите во земјите од Западниот Балкан. Оценија дека најважни за напредокот на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ се владеењето на правото и натамошниот демократски развој.