Monday, November 4, 2024
9.8 C
Skopje

СРБИТЕ КИНИСАА ПО ПАТОТ НА ПУТИН, ГРУЈО И НА ОНА ДЕБЕЛОТО КОПИЛЕ ОД С.КОРЕЈА И СЕ ЗАКАНУВААТ СО БРИШЕЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Ако Заев ги исполни „заканите“ дека ќе гласа за членство на Косово во УНЕСКО“, Србија би можела да го повлече признавањето на Mакедонија под нејзиното уставно име, пишуваат српски медиуми.
Србија би можела да прибегне кон радикални потези во односите со Скопје и да го повлече признавањето на Mакедонија под нејзиното уставно име доколку Зоран Заев ги исполни „заканите“ дека ќе гласа за членство на Косово во УНЕСКО“, објави српскиот весник „Новости“, во текст под наслов „Србија го ‘брише’ името на Македонија?“

Според информации на весникот од неименувани извори, „Белград внимателно ќе ги следи потезите на Македонија и изјаснувањето во однос на приемот на Приштина во меѓународните институции и како ќе се постави Скопје кон националните интереси на Србија“.

„Новости“ пишува дека властите во Приштина ќе имаат прилика да го отворат прашањето за членство во УНЕСКО дури за две години, но Белград би можел да го активира принципот на реципроцитет во дипломатските и политички односи со Скопје уште во 2018, бидејќи косовските Албанци најавиле дека тогаш повторно ќе се обидат да ги отворат вратите на Интерпол.

Ваквите предупредувања од Белград стигнуваат по посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Приштина. Тие реагираат на изјавата на Заев дека „Косово може да смета на поддршката на Македонија во сите процеси“. Одговарајќи на новинарско прашање – дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО, Заев одговори: „Знаете дека тоа прашање е одложено. Не знам точно кога ќе се решава, но jaс се надевам дека паралелно со тоа ќе се решаваат и билатералните односи на Kосово со Србија. Истовремено, знаете дека и Република Србија е наш сосед, така што е важно доброседството со сите земји. Ние се надеваме дека прашањата ќе се решат билатерално, а ние ќе бидеме овде тоа да го поддржиме“, изјави Заев.

И покрај ваквиот одговор, изјавата на Заев од српските власти беше оквалификувана како „нова провокација на македонскиот премиер кој само пред еден месец на средба со српскиот државен врв се во Белград се ‘колнел’ дека Србија има искрен пријател во Mакедонија“. Шефот на српската дипломатијата Ивица Дачиќ, изјавата на Заев ја оцени како уште еден доказ на лицемерие на македонскиот премиер и политиката на власт во Скопје, и порача дека Србија ќе знае да одговори на тие пораки. Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, изјави дека „се остварило тоа што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го тврдел пред неколку месеци: дека Заев нема да остане на кажаниот збор“.

„Новости“ пренесува дека и за Иван Стоиљковиќ, пратеник во македонскиот парламент и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, ова не е никакво изненадување.

„Заев нема и не може да одржи збор, нуту политиката на македонската влада ќе биде во спротивност со интересите на Албанците во регионот, но и на САД, како главен покровител на косовската независност и на актуелната Влада во Скопје. На Србија не и е во интерес да ги залади oдносите со Македонија, но aко тие продолжат да се однесуваат спротивно на нашите интереси, политика на Белград треба да биде воведување реципроцитет во односите,“ изјавил пратеникот во македонското Собрание.

Тој, според весникот, се заложил принципот на реципроцитет да се воведе во односите со Скопје на сите нивоа, а не само по прашњето за признавањето на уставното име на Македонија. Притоа како пример го навел статусот на македонското малцинство во Србија.

„На пример, македонските здруженија во Србија од државата добиваат помош од 480.000 евра, додека српските организации во Македонија оваа година не добија ништо“, рекол Стоиљковиќ.

Името под постојана закана

Односите на релација Белград-Скопје подолг период се одвиваат по принципот топло- ладно. За време на кампањата за претседателските избори во Србија, тогашниот премиер Александар Вучиќ во своите говори демократската битка за промени во Македонија ја дефинираше како „македонско сценарио“, секогаш во негативен контекст. Односите се вжештија по упадот на српски дипломат во параламентот на 27-ми април, познат како „случајот Живаљевиќ“, а привидно се смирија откако по неразјаснетото повлекување на дипломатскиот персонал од српската амбасада во Македонија, истиот повторното беше вратен назад.

Но, дури и пред жешкото политичко лето, не изостануваа провокации во однос на уставното име. Во јануари годинава Македонија цел месец фигурираше со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија. Тогаш од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“ изјавуваа дека „системот за наплата на патарини на делница од автопатот кај Прешево е во фаза на тестирање и дека од 21 јануари 2017 година тоа ќе биде променето. Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ во најмалку два наврати изјави дека Србија направила грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Последен пат тоа го повтори во јули годинава на средбата во Атина со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Последните вакви пораки испратени преку новинарски текстови стигнуваат во предвечерјето на денешната заедничка седница на македонската и албанската влада во Поградец, Албанија, и неполн месец откако премиерот Заев и неговата српска колешка Ана Брнабиќ се договорија да се одржи заедничка седница на двете влади кон крајот на февруари или почетокот на март следната година.

Извор: Дојче веле

ОВАА НЕДЕЛА

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден...

УТВРДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУГА, ЗАТВОРЕН Е СТРУШКИОТ МЕДИЦИНСКИ СМЕР

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ