Србинка силувана, претепана и ограбена од маж кој и помогнал нелегално да влезе во Македонија

0
995

24-годишна Србинка од Ниш со иницијали М.Б. во декември минатата година била претепана, силувана и ограбена од маж кој и помогнал нелегално да ја премине границата. Против 38-годишниот Ј.Џ. од тетовското село Горна Лешница е поднесено известување до надлежното Јавно обвинителство за сторени кривични  дела  “силување“ и “разбојничка кражба”.

„Откако ја преминала државната граница на нелегален премин и била пречекана од Ј.Џ., со чие што возило се упатиле кон село Пирок, Ј.Џ. застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, а потоа и ја ограбил одземајќи и го накитот што го носела со себе, СВР Тетово го расчисти овој случај. По преземените мерки од страна на СВР Тетово е документиран настанот и до надлежното ОЈО е поднесено известување против Ј.Џ. (38)“, велат од полицијата.