СРАМОТА, ПРОФЕСОРКА НА УКИМ А ЛАЖЕ БЕСРАМНО: СИЉАНОВСКА ТВРДИ ДЕКА ВМРО ИЗГУБИЛО ПОРАДИ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА И ОД ЧКРТАЊЕ СЕВЕРНА, А ТИЕ НА ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ ПОМАЛКУ ОД МИНАТИТЕ ИЗБОРИ!

0
426

Во интервју за ТВ Алфа, идната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ,Гордана Силјановска очекува Управниот суд да ја уважи тужбата во која се бара да се признаа за важечки ливчињата во кои е чкртаната Северна а било гласано за една партија.

„Јас одговорно тврдам дека сите што го пречкртале Северна, но јасно ја изразиле волјата заокружувајќи една партија, треба да се смета како важечки глас. Според изборникот законик, кога се утврдува важноста на гласот се тргнува од можноста за слободно изразување на волјата, дури човек може да рече, дека во овој случај, со таквиот чин, не само што се потврдува туку и се зајакнува волјата, бидејќи гласа против партија која била против Северна. Очекувам Управниот суд да ги селектира и провери вакви ливчиња, а сигурно има, оти ако имате над 30 илјади неважечки ливчиња, тоа се многу мандати –вели Силјановска.

Замислете која е ова будалаштина, професорка по право на УКИМ прво бара да се крши законот кој вели дека ливчињата не треба да се чкртаат, потоа лаже дека поради тоа ВМРО изгубило што е ноторна лага, на овие избори всушност има помалку неважечки ливчиња, околу 30 000 за разлика од минатите избори кога имаше мнад 40 000 неважечки!

Како бе само не и е срам на женава на стари години вака да се бламира?!