СПОРЕД УРЕДНИКОТ НА ,,ИНФОМАКС” АЦО ЦИА, ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ПРЕКУ СВОЈОТ ДИРЕКТОР НА ВОДОВОД ПЕРИНСКИ СЕ ОБИДУВАЛ ДА ГО НАМЕСТИ ТЕНДЕРОТ ЗА КОЛЕКТОРОТ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ ВРЕДЕН 136 МИЛИОНИ ЕВРА?!?!

0
4578

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој има добри извори во ВМРО-ДПМНЕ затоа што до вчера беше нивни медиски партнер, излезе со сторија во која тврди дека Мицковски со својот поранешен шеф на кабинет а сегашен директор на скопски водовод, Златко Перински се обидува да го намести тендерот за скопскиот колектор на Вардар, проект вреден над 130 милиони евра!

Еве го целиот текст на Ацо ЦИА:

Старите велат, дај му власт на човека и ќе видиш колку му е паметот. Оваа мудра народна дефиниција апсолутно е апликативна врз начинот на функциомирање на градоначалниците и кадарот на Христијан Мицкоски кој ја практицира локалната власт последниве 10-тина месеци.

Две компании ги исполнуваа условите за учество на тендерот за изградба на пречистителна станица која треба да прочисти над 90 проценти од отпадните води во Скопје, проект од над 136 милиони евра финансиран од средства на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Со ваквиот проект, метрополата конечно требаше се тргне од листата на неколкуте европски градови кои не ги третрираат отпадните води. Градоначалничката Арсовска во своите интервјуа потенцираше дека најважното е што граѓаните ќе имаат поздрава еколошка средина, а во Вардар наместо загадени како сега, ќе се влеваат прочистени води.

Три компании истакнале интерес за учество на тендерот за изградба на прочистителната станица, една француска компанија која по објавата не доставува понуда, турско-американски конзорциум и германска компанија со австриски капитал.

Проблемите во тендереската постапка започнуваат откако Водовод и канализација, чиј директор е Златко Перински кој беше своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се одлучува низ тендерската постапка да ја дисквалификува турско-американскиот конзорциум, низ елиминација која не е третирана за неопходна ниту за ЕБОР, ниту пак Европската инвестициона банка а врзана за кредитен рејтинг за банката која ја издава банкараската гаранција за компаниите.

Она што е сомнително е што компанијата која Перински дефакто ја исклучува од надавањето нуди понуда која според неофицијални извори на Град Скопје ќе му заштеди неверојатни 20 милиони евра, за разлика од другата фирма.

Крајно сомнително е што постојат и официјални дописи во кои се бара мислење од ЕБОР и Европската инвестициона банка за овој критериум на што тие немаат приговор, додека Перински ја игнорира целата процедура и работи тендерот да го добие другата фирма.

Дополнителен сомнеж фрла случајот „Делчевски ниви“, случај во кои неколкумина најблиски соработници на Христијан Мицкоски завршија во притвор.

Во случајот се обвинети двајцата управители на „ЕВН Електрани“ Мирослав Митровски и Игор Гиевски блиски пријатели на Мицкоски, заедно со купувачите и препродавачите на парцелите Дарко Тодоровски и Влатко Илиевски член на обезбедувањето на Мицкоски, како и Орце Тодоровски екс директор на штаб на ВМРО-ДПМНЕ во мандатот на Мицкоски.

Случајот е во фаза на истрага. Од она што досега е јавно познато, осомничените Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија Илиевски, сите од Делчево, добиле на подарок ниви од други лица, кои ги стекнале во сопственост на 1 септември 2021 година. Три недели подоцна, односно на 21 септември, парцелите чија вредност е проценета од страна на општината на 20 денари за метар квадратен, се продадени на ЕВН Електрани и за повеќе од 800 денари за метар квадратен.

Седумтемина од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани, објавија истражните органи. Според нив, тие успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.

Останува да видиме кои ќе бидат следните чекори на раководството на Градот и како ќе се справи со овој милионски криминал во најава.