СПОРЕД СВР ШТИП НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ТУКУ ДЕЧКО ПОКАНИЛ ДЕВОЈКА НА КАФЕ : ДВЕ ВЕРЗИИ НА НАСТАНОТ СО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО КАРБИНЦИ!

0
330
Обидот за киднапирање на две деца од училишниот двор на ОУ Страшо Пинџур во штипско Карбинци го потврди и тамошниот градоначалник Виктор Паунов.

-Имаше обид за грабнување на две деца од училиштето. Обидот е спречен, но не загрижува дека безбедноста е доведена до знак прашалник за децата во училиштата, но и за граѓаните на јавните места каде се движат-истакна тој во изјава за ТВ Стар.

Од СВР Штип за „Фокус“ го потврдија настанот, но сепак со различна веразија од онаа на градоначалникот, кој тврди дека станувало збор за две деца кои биле мета на киднаперите. Официјално, според СВР Штип, се работело за едно девојче.

– Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот – наведено е во соопштението на СВР Штип.Претходно, во изјава за ТВ Стар, и директорката на училиштето, Наталија Костова, кажа дека станува збор за две деца, од кои едното со македонска, а другото со турска националност.