Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА И ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ПОНИШТИЈА ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА 12 ГАБАРИТНИ ЗГРАДИ ВО ЦРНИЧЕ

❌ ПОНИШТЕНА Е ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА 12 ГАБАРИТНИ ЗГРАДИ ВО ЦРНИЧЕ!

♥️ Почитувани жители,

ја стопиравме иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која во времето на мојот претходник, се предвидуваше изградба на 12 згради!

☝️Како што ветив и ги исполнив своите ветувања за Расадник, како што ја донесовме и целосно ја спроведуваме одлуката за забрана за изградба на станбени објекти со повеќе од 4 станбени единици во Пржино и Црниче, од денес е во сила и оваа одлука и наместо гигантски зданија, на посочената локација во Црниче, на сопственикот ќе му биде дозволена само реконструкција на објектот, старата печатница и тоа во постоечкиот габарит.

❗️Воедно, сакам да инфомирам дека скалите кои со измената на ДУП-от требаше да бидат отстранети, ќе останат и ќе бидат надополнети со пропратна урбана опрема, онака како што бараа нашите жители.

💪 Одговорно тврдам дека нови одобренија за изградба на згради во Црниче и Пржино нема да има, како што е зацртано во мојата одлука, која што е поддржана и од страна на Советот на општината, а и од сите жители од овој дел на градот.

🏠 Во Пржино и Црниче ќе можат да се градат само куќи, кои што можат да имаат максимум 4 станбени единици!

❗️ Времето во кое што под маската на А1 – куќи се градеа габаритни згради е завршено!

☝️Ова е ново време во кое живее општина Кисела Вода.

Нема да дозволам поради лични интереси на поединци мојот народ во Црниче и Пржино да се гуши и тие прекрасни населби под срцето на Скопје, Водно, да се бетонизираат.

♥️ Испишуваме нова приказна, заедно и според вашите потреби!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Орце Георгиевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЛИЦЕ КОЕ ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР ВО СКОПСКО ОГЊАНЦИ

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ