СПОРЕД ПОРТАЛБ БОЛНИТЕ СО МЕСЕЦИ НЕМААТ ДОБИЕНО ПАРИ ЗА ТУЃА НЕГА, МТСП НЕ ДАВА ОБЈАСНУВАЊЕ

0
603

Лицата на кои им е потребна помош и нега од друго лице не добиле парична помош веќе 7 – 8 месеци, пишува Порталб.мк. Повеќето од овие лица имаат неизлечиви болести и ним им е потребна постојана помош, лекови и грижа. Новинарите на Порталб се обратија до Министерството за труд и социјална политика и прашаа зошто овие лица не добиваат постојана помош, со оглед на тоа што боледуваат од тешки болести, a се принудени на секои 6, 12 или 24 месеци да доставуваат медицински документи со кои се докажува нивната здравствена состојба.

Од Министерството наместо да пратат конкретен одговор, вратија готов одговор, кој го најдовме и на веб-страницата на ова министерство.

„Право на надоместок за помош и нега од друго лице има лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи“, се наведува во одговорот на министерството, односно на нивната веб-страница.

Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија. Јавните здравствени установи се определуваат со акт на министерот за здравство во согласност со министерот за труд и социјална политика.

„Наоѓањето, проценката и мислењето за потребата од помош и нега од друго лице го врши лекарската комисија од стручни лица врз основа на последниот преглед или медицинска документација. Лекарската комисија утврдува дали барателот може да оствари право на надоместок за помош и нега, целта и потребата од контролен преглед (6, 12, 24 месеци) или истото да го користи без потреба од контролен преглед (постојано)“, велат од Министерството за здравство.

И покрај тоа што поголемиот дел од пациентите кои добиваат ваква помош имаат сериозни, неизлечиви болести, како што е шизофренијата, споменатите комисии одлучуваат од овие пациенти да бараат нови контролни документи на секои 6, 12 или 24 месеци.

Меѓу менталните болести за кои некои пациенти добиваат компензација за помош и нега е шизофренијата, која е една од најтешките болести на менталното здравје. Емоционалната цена на оваа болест за оние кои страдаат од неа и нивните роднини е многу висока.

Песимизмот со кој многу обични луѓе и здравствени работници пристапуваат кон заболениот од шизофренија е сличен на срамежливоста што ја покажуваат кон пациентите кои боледуваат од рак. А сепак, ваквите пациенти, или роднините кои се грижат за нив, мораат секојпат да талкаат по институциите на МТСП.

Дополнително, друг проблем со кој се соочуваат овие пациенти е прекинот на компензација, со месеци, до една година. Конечно, од јануари или февруари годинава овие пациенти не добиваат ниту денар од помошта што им следува, токму поради тоа што чекале стручната комисија да ја процени нивната состојба, а парите за претходните месеци ќе ги добијат дури во јануари.

Инаку, во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава кој ЕУ, се вели дека има мал напредок во подобрувањето на правата на лицата со попреченост, но сепак тие и понатаму се дискриминирани.

„Лицата со попреченост и понатаму се соочуваат со значителна директна и индиректна дискриминација, поради бариерите поврзани со инфраструктурата, недостатокот на информации и услуги, дискриминаторските ставови и социјалната исклучивост. Во 2020 година Народниот правобранител пријави 37 претставки за дискриминација на деца и возрасни со попреченост“, се наведува во извештајот.

Реформите во однос на социјалната политика, се неопходни, особено сега кога земјата направи чекор напред кон европските интеграции.