СПОРЕД НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ONEPLUS12 ЌЕ ИЗГЛЕДА СТРАШИЛИШТЕ

0
277

Уште во јули се појавија фотографии базирани на прототип на идниот флегшип смартфон OnePlus 12. Сега сме сведоци на нови слики, кои сепак навестуваат одредени промени во процесот на развој на уредот.

Новите фотографии доаѓаат од MySmartPrice и дојавувачот@OnLeaks и покажуваат дека главната камера ќе има слична конфигурација како онаа на OnePlus 11. Сепак, LED блицот е надвор од делот за камерата, со непозната компонента на негово место.

Селфи камерата сега е во отвор централно на горниот дел од екранот. Уредот генерално го задржува дизајнерскиот пристап во споредба со претходната генерација.

Според гласините, OnePlus 12 би можел да понуди 6,7 инчен OLED дисплеј со фреквенција од 120 херци, Snapdragon 8 Gen 3 чипсет, 16GB LPDDR5X RAM и 256GB UFS 4.0 простор за складирање. Можната премиера на смартфонот е во декември во Кина.