СПОРЕД ДИК САМО ЧЕТВОРИЦА КАНДИДАТИ ОД СЕДУММИНАТА ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА СЕ ПРИЈАВЕНИ, ЈАКИМОВСКИ, ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ И ДИМИТРИЕВСКИ

0
228

Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците.

На претпоследниот ден од рокот за поднесување на кандидатурите за претседател на државата, до Државната изборна комисија (ДИК) официјално се пријавиле само четворица од седуммината кандидати за шеф на државата кои собраа потписи од граѓаните, информираат од ДИК.

Оттаму велат дека според роковникот на ДИК за претседателските избори, кандидатурите треба да бидат поднесени до утревечер.