СПОРЕД ДЗС, ВО АПРИЛ ГОДИНАВА ПРОСЕЧНАТА МЕСЕЧНА ИСПЛАТЕНА БРУТО-ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН ИЗНЕСУВАЛА 54 177 ДЕНАРИ

0
467

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Според ДЗС, во април годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 54 177 денари.Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во март годинава изнесуваше 34 925 денари.