Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

СПОРЕД ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ МАНДАТАРОТ МИЦКОСКИ ЌЕ ГО КОРИСТИ УСТАВНОТО ИМЕ НО НЕ СЕКОГАШ И ЗАКЛЕТВАТА ЌЕ ЈА ДАДЕ СО УСТАВНОТО ИМЕ

Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот предлог за новиот владин состав, како и гласањето во Собранието во текот на викендот, се во фокусот на онлајн изданијата на грчките медиуми, кои главно, ги пренесуваат текстовите од државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Северна Македонија – Христијан Мицкоски: На заклетвата на Владата ќе го користам уставното име на земјата“, АНА-МПА пишува за вчерашното интервју на мандатарот за „Сител“ во кое „рече дека на инаугурацијата на неговата влада, за време на викендот ќе го користи уставното име на државата“.

– Истото име ќе го користи и во контактите во странство со странските лидери, како што рече .Но, во внатрешноста на земјата, како во јавните настапи, така и во изјавите ќе го користи името „Македонија“, бидејќи, како што самиот рече, името на неговата земја и татковина е „Македонија“ – пишува грчката државна агенција.

Медиумите во Грција, како што е пракса во изминатиот период, акцентот го ставаат на (не)употребата на уставното име, па така, овој пат текстовите во онлајн изданијата се под насловите: „Северна Македонија: Христијан Мицкоски инсистира на терминот „Македонија“-за викендот новата Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно „Македонија“, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само „Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.

Паралелно, грчката новинската агенција во посебен текст се осврнува и на писмото на Мицкоски до претседателот на Собранието, во кое, како што пишува, „го користи уставното име на земјата“, пренесувајќи ја целата содржина, што исто така е објавено и во останатите медиуми во земјата.

Дополнително, медиумите информираат дека во текот на викендот ќе се одржи седницата за избор на новата Влада.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ