- Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој е поништен од новото раководство во РЕК Битола е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев испумпуваа милиони како подизведувачи.
Изјави денес Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешна прес-конференција поврзана со РЕК Битола.
РЕК Битола го раскина тендерот од 43 милиони евра со „Марковски Компани“. Партијата обвини дека во тендерот учествувале блиски фирми на семејството на Зоран Заев и посочи дека сомнителните договори придонеле за поскапување на струјата за граѓаните.