СПОРЕД АНКЕТИТЕ НА ,,ЕУРО ЕЛЕКТ” КОЈА Е ДИРЕКТНО ФИНАНСИРАНА ОД ЕУ ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ УЖИВА 45,2 % РЕЈТИНГ, ДОДЕКА ПАК ОПОЗИЦИСКАТА СДСМ УЖИВА СО 11,2% РЕЈТИНГ КОЈА Е ВО НЕПОСРЕДНА ОПАСНОСТ ДА ПАДНЕ НА 5ТО ИЛИ 6ТО МЕСТО КАКО ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО МАКЕДОНИЈА

0
236

Анкетите спроведени од страна на ,,Еуро Елект” која е директно финансирана од ЕУ за анализа на политичките движења во ЕУ и кои досега се покажаа како прилично прецизни.

Europe Elects е посветена на збогатување на европската демократија преку обезбедување на сеопфатна јавна услуга околу проверени податоци за изборни процеси. Europe Elect се високо рангирани во своите сондажи на јавни мислења околу политичките рејтинги покривајќи ги клучните аспекти на изборите од локално до ниво на ЕУ.

Служејќи како единствен изборен центар, нивната платформа се грижи за граѓаните ширум континентот, обезбедувајќи централизиран ресурс за изборни согледувања.

Според спроведената анкета владејачката ВМРО-ДПМНЕ е прва со 45,2%, ДУИ е со 13,9%, коалицискиот партнер на премиерот Мицкоски ВЛЕН или ВРЕДИ се со 11,7% додека пак опозициската СДСМ има 11,2% рејтинг и се наоѓа на 4то место од спроведената анкета со што има тенденција да стане 5та а можеби и 6та партија по моќ. Потоа следуваат Левица со 10,6% и ЗНАМ со 6.7% рејтинг.