СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ, КАДАРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО АЕРОДРОМ ПОЗНАТ КАКО КУСТОС НА НАРОДНИ ПАРИ КОЈ ЗА ВРЕМЕ ГРУЕВИЗМОТ СЕ ГОШТЕВАЛ ПО ЕЛИТНИ РЕСТОРАНИ СО ХРАНА КОИ ЧИНЕЛЕ ТЕШКА ПАРА, ТИМЧО МУЦУНСКИ Е ПУШТЕН НИЗ ВОДА

0
1081

Помина речиси една недела од почетокот на кампањите за локални избори. Една од најжестоките битки се води во Општина Аеродром и тоа помеѓу Александар Филиповски од коалицијата на СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Според политички аналитичари две работи се евидентни досега – Муцунски очекува пораз, а неговата партија по се изгледа намерно го пушта низ вода. Паниката на кандидатот од ДПМНЕ се гледа по прерано започната негативна кампања, и покрај потпишувањето на кодекс за фер и етички избори. Исто така, тој не даде оставка од својата позиција како пратеник и зема плата од Собранието додека трча за градоначалничката фотелја.

Поразот за Муцунски ќе значи крај на неговата и онака кратка политичка кариера. Тука се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ го пушта низ вода заради внатрепартиски битки, со кои јавноста е добро запознаена.

Инаку, Тимчо Муцунски во политиката е внесен од Никола Груевски, како Заменик министер за информатичко општество и информатика во техничката влада на Емил Димитриев. Оттука јавноста се сеќава на огромните сметки за лососи, бифтеци, алкохол и цигари кои Муцунски ги потпишуваше црпејќи сериозни суми на пари од државната каса.

Јавноста исто така не може да ги заборави и неговите контраверзни изјави за време на протестите на студенскиот Пленум. Муцунски не само што не ги поддржа студентите и професорите, туку и јавно говореше дека протестираат сами против себе.