СПИКЕРОТ ГАШИ ОКОЛУ ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ : ОДЗЕМЕНА МИ Е МОЖНОСТА ДА СВИКАМ СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА КОЈА ВЕЌЕ Е СВИКАНА

0
74

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана. Потенцира дека останува во доменот на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да одлучи за измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.

-Мене ми е одземена можност да свикам седница која е веќе свикана во одреден ден кога се требало да се постапи по тоа прашање. Така да, тоа останува во доменот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади да одлучи за Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, рече тој.